Русија распореди нуклеарна интерконтинентална балистичка ракета во регионот Калуга

 – Руското Министерство за одбрана денес објави видео од распоредувањето на термонуклеарната интерконтинентална балистичка ракета Јарс во регионот Калуга.

Според соопштението на Министерството, ракетата била распоредена во градот Козелск, што се наоѓа на околу 264 километри од Москва.

Министерството додава дека ракетната единица во Козелск е прва во Русија која е повторно опремена со ракетниот стационарен систем „Јарс“.

„Имплементацијата на мерките планирани за 2023 година за повторно опремување на стратешките ракетни сили со ракетниот систем Јарс ќе ги зголеми борбените способности на стратешките нуклеарни сили на нашата земја“, соопшти руското Министерство.