Руските сили го нападнаа воениот аеродром Мирхород во областа Полтава, каде што имаше штета, соопшти портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.
Руските медиуми објавија неколку видеа за кои се тврди дека го прикажуваат нападот и штетата на воените авиони Су-27, пренесува Телеграфи.
„Имаше напад, има штета, но не како што тврди непријателот“, додаде портпаролот на украинската армија.
Ихнат не соопшти детали за причинетата штета на оваа воздухопловна база.
Претходно беше објавено дека овој напад предизвика остри критики, поради фактот што воздухопловните сили не успеале соодветно да ја заштитат оваа воздухопловна база.
Ихнат ги бранеше воените напори – ги повика граѓаните да не станат плен на руската пропаганда дека нанеле огромна штета.
Myrhorod Air Base. Not the first time that Russian recon drones have been able to quietly observe before striking with an Iskander cluster missile. It appears that at least 1 Ukrainian Su-27 has been destroyed, while several others are also believed to have been damaged. pic.twitter.com/OsZeeuCMp1
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) July 1, 2024