Руските медиуми го подготвуваат населението за најлошото: Кремљ мобилизира нови 400.000 луѓе ?!

Како што објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на повеќе извори, од 1. април во Русија ќе започне ново масовно регрутирање. Неколку руски регионални медиуми ненадејно го објавија вкупниот број на војници кои треба да потпишат договор, кои според плановите на Министерството за одбрана на Русија треба да ги пополнат празните места – и тоа е дури 400 илјади!

Се тврди дека најголемиот дел од работата ќе падне на персоналот на воениот комесаријат, а на крајот гувернерите ќе бидат одговорни за спроведување на планот.

Исто така, објавено е дека во вторникот, жителите на регионот Воронеж повторно почнале да добиваат покани од канцелариите за воена регистрација и регрутирање – како што беше случајот минатиот септември по таканаречената „делумна мобилизација“ што ја најави Владимир Путин. Властите во регионот тврдат дека тоа се прави „исклучиво за ажурирање на информациите за воените регистри“.

Медиумите пишуваат дека воените канцеларии за регистрација и регрутирање се обидуваат да ги компензираат загубите на руската армија во оскудни воени специјалности. Од друга страна, потпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, како и досега, ги отфрли плановите за втор бран на мобилизација. 

Нема такви разговори во Кремљ“, нагласил Песков за странските медиуми.