САД го вооружуваат Косово: Пристигнуваат нови оклопни транспортери, а наскоро се очекуваат и ракети „Џавелин“
Косовските безбедносни сили набавија непознат број оклопни транспортери М117 од САД, со што продолжи процесот на дополнително вооружување на Косово.
Видео снимките направени во Косово на неколку камиони за влечење ја покажуваат испораката на оклопни возила М1117 до косовските безбедносни сили.
Не е познато колку оклопни транспортери се набавени за потребите на Косовските безбедносни сили, иако косовските медиуми јавуваат дека ова е само првата од неколкуте испораки.
Набавката ја потврди и Министерството за одбрана на Косово, кое објави дека безбедносните сили на Косово сега се опремени со повеќе оклопни возила од американско производство.
„Потврдуваме дека добивме неколку оклопни возила, произведени во САД, кои беа набавени во рамките на билатералниот план за купување меѓу државите, претходно одобрен“, се наведува во соопштението.
Оваа набавка го потврдува високото ниво на соработка меѓу Косово и САД во областа на одбраната, каде што минатата година американскиот Конгрес одобри испорака на 246 ракети „Џавелин“, чија вредност достигнува 75 милиони долари.