“САКААТ ДА ГО УБИЈАТ!“ – Таткото на Илон Маск е загрижен за безбедноста на неговиот син: “Тој е мета на Владата во сенка…“
Таткото на Илон Маск изјави дека стравува дека неговиот син милијардер може да биде убиен.
77-годишниот Ерол Маск ја критикуваше неодамнешната статија во списанието NewYorker во која се истражува влијанието на најбогатиот човек во светот врз одлуките на Владата за војната во Украина.
Претставници на Пентагон изјавиле за NewYorker дека Илон Маск бил третиран како „неизбран функционер“ и изразиле загриженост за неговиот став кон Владимир Путин.
Извештајот, исто така, нагласува колку клучни биле сателитите Starlink на компанијата SpaceX во војната во Украина.
„Тоа е платен атентат, воведен против Илон Маск спонзориран од Владата во сенка“, изјавил Ерол Маск за US Sun.
Кога новинар го прашал дали се плаши дека „Владата во сенка“ може да му го убие неговиот син, тој само одговорил: „Да“.
Извршниот директор на SpaceX има затегнати односи со својот татко и претходно го нарече „страшно човечко суштество“.
Ерол Маск, исто така, ја опиша статијата во NewYorker како – „омекнување на непријателот со артилерија пред вистинскиот напад“.
Во мај минатата година, милијардерот се шегуваше дека можеби може да умре под мистериозни околности откако се скара со првиот човек на руската вселенска агенција Роскосмос поради тоа што SpaceX им дава терминали на Starlink на украинските војници.
Сопственикот на социјалната мрежа Х (Твитер) претходно изјави за BBC дека двајца телохранители го следат низ седиштето на компанијата, вклучително и одење во тоалет.
Но, загриженоста за безбедноста на Илон Маск беше најочигледна за време на контроверзите околу неговиот приватен авион кој беше следен минатиот декември. Новинарите кои споделуваа линкови до профилот @ElonJet на Твитер беа привремено забранети, а Илон Маск ги обвини дека се обидуваат да му наштетат.