“САКАМ ПРАВДА, А НЕ ПАРИ!“ – Елена Доцевска-Божиновска објави: “ЕСЧП пресуди дека ми биле прекршени правата при постапката за одредување притвор за 27. април“

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска-Божиновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово, ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со упадот во Собранието на 27. април 2017 година. 

Доцевска-Божиновска на социјалните мрежи објави дека во пресудата се наведени бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка за настанот од 27. април 2017 година. Таа во тој период беше вработена во Кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.

Во Судот во Стразбур, Доцевска-Божиновска се жалеше дека судот и обвинителството ги одолговлекувале нејзините жалби за притворот.

Кумановката Доцевска-Божиновска беше една од 33-та обвинети за случувањата во Собранието на 27. април.

Поминаа пет години … во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена спогодба. Ја одбив без размислување! Сакам правда, не пари“, напиша Доцевска-Божиновска во објава на социјалните мрежи.