СВЕШТЕНИК ЈА РАЗБРАНУВА ЈАВНОСТА „Малку црква, малку теретана“ –неговите тетоважи ги коментираат сите(ФОТО/ВИДЕО)
Тој вели дека црквата греши кога се во прашање младите.
Свештеникот Оскар Арнгарден (38) од Шведска ќе го најдете на две места – или во црква или во теретана , каде што тренира пет дена во неделата. Тој крева тегови, прави склекови, скока со јаже. Тој прави CrossFit, вежбање за целото тело што го сакаат американските полицајци и војници.
Овој модерен претставник на Евангелско-лутеранската црква го следат речиси 40.000 луѓе на Инстаграм.
– Некои ме следат затоа што не се навикнати да гледаат свештеник кој е обучен и тетовиран . Другите ме следат бидејќи ги интересираат тренинзите што ги објавувам, па сами ги прават – вели Оскар.
Кога имал 14 години, почнал да размислува за свештенството. На теологија се запишал во 2005 година, а шест години подоцна бил ракоположен. Тој вели дека тоа е одлука за која никогаш не зажалил. Исто така, не сакаше тоа да го поколеба во љубовта кон спортот, со која се занимава од кога се сеќава.
– На 18 години почнав да тренирам повеќе сила, дотогаш играв фудбал. Тренирам пет дена во неделата. Тоа ми дава енергија, затоа најчесто тренирам наутро и така полесно го поминувам денот – објасни тој за германски Билд.
Тој додава дека Црквата не гледа ништо спорно во тоа што тренира.
– Има луѓе кои се повеќе или помалку критични, но пред се има љубов – тврди тој, и открива што смета дека е најголемата грешка што ја прави Црквата.
– Голема грешка е што Црквата мисли дека може да разговара со младите без претходно да ги слуша. Црквата постојано опишува што е правилно, а што не, кои искуства на луѓето се важни, а кои не. Ние како Црква мора да станеме многу подобри со тоа што прво ќе ги слушаме младите, нивните приказни и искуства. Со што се борат и што ги тера. Само тогаш нивната вера може да стане релевантна. Не сакам да зборувам премногу, повеќе сакам да слушам и да научам нешто за личноста пред мене – заклучува тој.