СДСМ: Обезбедени се дополнителни 20 милиони евра за земјоделците

Владејачката партија СДСМ е пофалена за работата на извршната власт во земјоделскиот сектор. Од оваа партија велат дека за земјоделците се обезбедени дополнителни 20 милиони евра.

„Обезбедени се 20 милиони евра дополнителна поддршка за македонските земјоделци до крајот на оваа година.

За прв пат досега започнува исплатата на субвенциите во висина од 30%.

Ќе се платат 750 милиони денари за 40.000 земјоделци! Земјоделците за првпат добиваат авансни субвенции, кога им се најпотребни, за навреме да ја почнат новата реколта за да инвестираат во производството и да ја осовременат“, додаваат од СДСМ.