СДСМ: Создадена е „Коалиција за европска иднина“ која ќе ја формира следната проевропска Влада

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачески заедно со коалициските партнери го потпиша договорот со кој се формира предизборната коалиција „Коалиција за европска иднина“.

Коалицијата ја потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република.

Од СДСМ велат дека „Коалицијата за европска иднина“ е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски стандард.

Од таму додаваат дека коалицијата е посветена на подобар живот на граѓаните, економски раст и развој преку директни странски капитални инвестиции и преку локални компании.