„Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко. Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н „новогодишна кошничка“ кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи“, реагираат утрово од СДСМ преку соопштение испратено до медиумите.
„Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект. Измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени.
Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%.
Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија.
Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот.
Намесот лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите“, велат од СДСМ.