СЕБАСТИЈАН КУРЦ ОФИЦИЈАЛНО ОБВИНЕТ, МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР: За што е обвинет некогашното „чудо од дете“ на европската политика?
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење, соопштија властите.
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење, објави австриската канцеларија за економија и корупција.
Обвинителите во Виена тврдат дека Курц дал лажно сведочење пред комисијата на австрискиот парламент која истражувала дали неговата влада била „отворена“ за корупција и мито. Конкретно, Курц наводно дал лажен одговор на прашањето за именувањето на одборот на директори на државниот холдинг „Обаг“.
Во случајот, кој е главна тема на австриските медиуми, обвинети се Себастијан Курц, неговиот поранешен соработник Бернхард Бонели и уште едно неименувано лице. Курц ги негира обвинувањата.
Овие обвинувања се лажни и со нетрпение очекуваме вистината конечно да излезе на виделина, и на суд да се докаже дека овие наводи се неосновани“, напиша тој на својот профил на „Х“.
Некогаш сметан за „чудо од дете“ на европската политичка сцена, Курц стана најмладиот австриски канцелар досега во 2017 година , кога неговата Народна партија на Австрија победи на изборите. Две години подоцна, владата ја потресе корупциски скандал со тајно снимено видео на нејзиниот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрах. Но, во септември 2019 година следеше уште една изборна победа.
Потоа, во октомври 2021 година, неговата канцеларија беше претресена поради сомневање за поткуп и повреда на довербата. Тој поднесе оставка како канцелар и се повлече од политиката неколку месеци подоцна.