СЕДУМ ДЕНА БИЛ МРТОВ, А СОПРУГАТА МИСЛЕЛА ДЕКА СПИЕ – Случај што ја шокираше целата јавност: “Пиеше пиво и заспа, не знаев дека умрел…“
Да не ги вознемирила соседите неподносливата смрдеа, којзнае колку долго несреќниот 70-годишник ќе лежел мртов во својот стан во строгиот центар на Варшава.
Тој лежел на само неколку метри од неговата две години постара сопруга која верувале или не мислела дека цело време спие.
Необичната приказна ја објави еден полски портал, чии новинари успеале накратко да поразговараат со вдовицата.
„Не знаев дека умре. Испи пиво и заспа“, им раскажала жената, од чиј стан, на големо жалење на останатите станари, се уште се шири неподнослива смрдеа, бидејќи во меѓувреме ништо не е исчистено, ниту отстрането.
Освен, секако, телото на несреќниот господин за кого службите пристигнале на 14. септември.
Госпоѓата потоа била привремено сместена во хостел изнајмен од Центарот за социјална работа, додека вратата од станот била привремено затворена до завршување на истрагата, пишува порталот.
Од Институтот за судска медицина во Варшава по обдукцијата потврдиле дека нема механички повреди кои би предизвикале смрт, а полицијата не знае што да прави со поплаките на несреќните соседи кои упорно се јавуваат за смрдеата.
Ќерките на вдовицата не се подготвени да помогнат, а докторите тврдат дека немаат доволно добра причина да ја однесат госпоѓата во психијатриска болница. Управата на зградата и понудила на госпоѓата да го исчисти станот и да купи нов мебел, но се уште не е договорено кој ќе плати за тоа.