Лидерот на Алијансата за Албанците Зиадин Села рече дека новата Влада е нелегитимна и дека Владата се плаши од слободата на говорот.
„Тоа е Влада на која секако и недостига легитимитет и секако дека Владата е изгласана, но Владата се плаши од слободата на говорот од тоа што имаат да кажат тие што се претставници на народот“, изјави Зиадин Села во „Дејли клик“ на ТВ21. .
Зиадин Села рече дека во новата Влада има министри како Иван Стоилковиќ кои се за политиката на Путин и се смеат на трагедијата во Сребреница и додаде дека врските на Столковиќ се тесно поврзани со српската БИА и Путин.
„Владата во себе има министер кој отворено изразува поддршка за политиката на Путин, како што е Стоилкоиќ, кој отворено се смее на трагедиите што му се случија на народот, случајот со геноцидот во Сребреница, на кој тој се смееше“, рече Села.
Тој додаде дека јас не се преправав дека Мицкоски е тој што ќе ги штити интересите на Албанците.