СЕЛИН ДИОН едвај се движи, Популарната пејачка мора да се пресели поради влошена здравствена состојба
Специфичната болест од која боледува популарната пејачка Селин Дион, СПС, односно синдромот на вкочанета личност, во нејзиниот случај зема се поголем замав.
По целосното повлекување од сцената, Селин во неколку наврати јавно проговори за својата состојба, но се чини дека се влошува.
Имено, пејачката сега одлучила да ја продаде куќата во Лас Вегас во која живеела порано, бидејќи се сели во Канада.
Пејачката поради болеста морала да носи вакви радикални одлуки, за да биде поблиску до семејството, пишуваат странските медиуми.
– Тоа се страшни болки. Ги има најдобрите лекари околу себе, но не и е добро – изјавил изворот за „Радар“ и додал дека нема лек за болеста од која боледува и дека колку и да се труди работите не се подобруваат.
Искрено, едвај се движи… А во Канада има единаесет браќа и сестри кои ја сакаат и ја поддржуваат, особено сега, кога има криза – нагласи тој.
Во оваа куќа пејачката поминала повеќе од 15 години, а вредноста на имотот се проценува на 30 милиони долари