Селма Бајрами влезе во Србија!? Пејачката покажа како се вози низ Белград (фото/видео)

Во текот на денот беше објавено дека на Селма Бајрами и’ е забранет влез во Србија.

Сепак, се чини дека забраната траеше кратко, со оглед на тоа што пејачката објави снимка од автомобил на која се гледа како го обиколува Белград.

Селма Бајрами

Селма не ја коментираше споменатата забрана, но со песната „Београѓанка“ покажа што мисли за сè.

Потсетуваме, балканската јавност беше информирана за видеото на пејачката на кое таа пееше албански песни и на кој го покажа знакот двоглав орел.

– Јас ќе дојдам секаде, тоа што другите се обидуваат да ме наместат, нема да им успее – рече тогаш таа.