Сергеј Шојгу во стилот на Владимир Путин: “Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт!“
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, во вторникот ја опиша украинската контраофанзива како целосен неуспех, но кажа дека ситуацијата е напната во делот на јужниот регион Запорожје, контролиран од Русија.
„Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, изјавил Сергеј Шојгу.
„Најтензичната ситуација е на фронтот во Запорожје“, нагласил министерот за одбрана на Русија.
Според соопштението од Министерството за одбрана на Русија, се вели дека Украина ангажира бригади од својот стратешки резерват чиј персонал е обучен од западни инструктори.
Преземајќи ја контролата врз делови од Украина, Русија воспостави „копнен мост“ кон Крим, полуостровот на Црното Море што го анектираше во 2014 година.