СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ ЗА БАЕРН МИНХЕН – Серж Гнабри повторно се повреди

Откако во септември паузираше поради скршеница на раката, фудбалерот на минхенски Баерн, Серж Гнабри повторно се повреди и ќе биде извесен период надвор од теренот.

Гнабри во вечерашниот пораз на Баерн во Франкфурт од Ајнтрахт (1-5) влезе во игра од клупата за резервни играчи, но мораше да го напушти теренот по само пет минути поради повреда на тетивата на бутниот мускул.

Баерн на прецизираше кога Гнабри ќе се врати на теренот, но според германските медиуми би можел да ги пропушти следните три натпревари до крајот на годината, две во Бундеслигата и дуелот против Манчестер јунајтед на Олд Трафорд во Лигата на шампиони.

Вчерашниот дуел за Гнабри беше само петтиот откако се врати на теренот по повредата на раката во септември на Куп дуелот против Мунстер