По барањето на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата, стопанската комора на северозападна Македонија излезе со предлог таа да биде 500 евра, а придонесите да останат на ниво на сегашната минимална плата.
Ваквиот став на Комората денеска го потврди и нејзиниот претседавач Менди Ќира, кој оценува дека само така ќе се реши минималната плата во подолг период.
„Да, остануваме на тој став дека минималната плата е 31.500 денари, а придонесите остануваат исти и сметаме дека ова е единственото решение и начин да се реши минималната плата долги години“, изјави Ќира, одговарајќи на прашање на новинари пред средбата што Стопанската комора на северозападна Македонија ја организираше попладнето со претставници на Владата.
Дури и од СДСМ ја обвинуваат актуелната власт дека речиси 8 месеци во Владата минималната плата сè уште не е зголемена, а просечната плата стагнира и покрај трошоците за живот.