Се бројат гласовите во Турција – предноста на Реџеп Таип Ердоган полека се топи, се чекаат резлутатите од трите најголеми градови! Дали по 20 години власт дојде крајот на ‘султанот’ !?
Избирачките места ширум Турција беа отворени утринава во 08:00 часот по локално време, односно во 07:00 часот по средноевропско време, што го означи почетокот на гласањето за претседателските и парламентарните избори.
Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателските и парламентарните избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за член во парламентот, кој брои вкупно 600 пратенички места.
Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а повеќе од 4,9 милиони турски граѓани гласаат за прв пат во нејзиниот живот.
Кандидати за претседател на Турција се, според редоследот на гласачкото ливче, Реџеп Таип Ердоган, Кемал Киличдароглу и Синан Оган. Четвртиот кандидат Мухарем Инџе во четвртокот се повлече од својата кандидатура.
Турските медиуми јавуваат дека во моментот се пробројани 75 отсто од гласовите за претседателските избори.
Актуелниот претседател, Реџеп Таип Ердоган има освоено повеќе од 50,9 отсто од гласовите на претседателските избори, врз основа на 75 отсто преброени гласачки ливчиња, објавија турските медиуми, додека неговиот главен противкандидат Кемал Киличдароглу има освоено 43 отсто од гласовите.
Треба да се напомене дека опозициските партии ги оспоруваат резултатите од изборите.