Се врши претрес кај екс-директорот на СОЗР

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, информира ОЈО.

Обвинителството потврди дека станува збор за Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и за МВР.

Инаку, според извори на Сител, Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на СОЗР Пецо Мирчевски.

-Според нашите информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом. Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки. До овој момент нема официјална потврда за оваа информација, наведува Сител.