Вечерва, околу два и пол часот, избувна пожар на покрив од викендица во населбата Дубона, која е сопственост на роднина на масовниот убиец У.Б. од Младеновац.
Како што пишува српски Курир, пожарникарите веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот. Нема повредени, но сè уште не е познато како избувнал пожарот.
Да потсетиме, У.Б вечерта на 4 мај со истрели од калашникови уби девет млади лица, а рани 14 од нив. Тој не ги познавал жртвите од селата Дубона и Мало Орашје, а како што самиот признал пукал „да ги заплаши мештаните, бидејќи тие биле лоши и злонамерни“.
– На рочиштето не покажа каење, беше ладнокрвен. Ниту еден момент не кажа дека му е жал за сè што направи, а толку многу луѓе направи несреќни и семејства засекогаш црни. Завршеното психијатриско вештачење ќе покаже дали тој бил здрав во моментот на делото.
Резултатите од психијатриското вештачење сè уште не се пристигнати во Вишото јавно обвинителство во Смедерево кое ја води истрагата против У.Б.