Се помалку работа за текстилните компании во Македонија, има намалување на побарувачката за облека во западните земји

Падот на побарувачката на облека во западноевропските земји директно влијае на работата на македонските текстилни компании. Помалите конфекции остануваат без работа. Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, за излез од оваа ситуација потребна ни е помошта од новата Влада, особено во делот на данокот на плати и придонеси.

Бизнис секторот смета дека текстилот е трудоинтензивна и вештачка дејност, па политичкото зголемување на минималната плата треба да го сноси државата.

Дури и домашните компании стравуваат дека новата странска компанија во ТИРЗ зоната ќе им ги земе обучените работници. Работодавачите бараат странските компании да бидат ослободени од даноци, само доколку вработат невработени лица.