Се појави вест за смртта на Махмуд Абас, палестинскиот претседател! Видеото кружи, Палестинците проговорија (ВИДЕО)
На социјалните мрежи почна да кружи веста дека имало наводен обид за атентат на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
На социјалната мрежа „Х“ се појави снимка од атентатот, а некои велат дека во нападот е убиено едно лице.
Сè уште нема официјална потврда за атентатот.
Турскиот портал „Хуриет“ неофицијално наведува дека одговорноста за нападот ја презела групата наречена „Децата на Абу Џандел“. Снимката од наводната улична тепачка покажува толпа вооружени мажи кои пукаат од огнено оружје и најмалку едно лице кое е безживотно.
Весникот „Хуриет“ наведува дека човекот кој бил застрелан во вооружениот напад наводно е телохранител на Махмуд Абас. Палестинската претседателска администрација, сепак, ги демантираше медиумските извештаи за гранатирањето на конвојот.
– Абас е целосно здрав и работи во својата канцеларија во Рамала – се вели во соопштението.
Вчера групата „Децата на Абу Џандел“ му постави на Махмуд Абас 24-часовен ултиматум да преземе чекори во врска со Газа и мерките против Израел. Тие, исто така, побараа Абас да даде јасна изјава во која ќе ги отфрли изјавите на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.