Се појави морничаво видео од моментот на падот на авионот: Се урна во ненаселено место, во него имало 242 патници (ВИДЕО)
Авион на „Ер Индија“ се урна во близина на аеродромот во Ахмедабад , во индиската федерална држава Гуџарат, во четврток попладне, а сега се појавија првите снимки од падот на авионот.
Несреќата се случила за време на полетувањето, а Боинг 787 се упатувал кон Лондон.
Во авионот имало 242 патници. Според медиумите, тој се урнал на ненаселено место.
Најмалку седум противпожарни возила пристигнале на местото на несреќата.
На лице место има неколку амбулантни возила.
„Летот AI171, кој леташе од Ахмедабад до Лондон Гетвик, беше вмешан во инцидент денес, 12 јуни 2025 година. Моментално ги утврдуваме деталите и ќе објавиме дополнителни информации што е можно поскоро на http://airindia.com и на нашата X сметка” , соопшти Ер Индија во соопштението на X.