СЕ ПОЈАВИ НОВО ДРАМАТИЧНО ВИДЕО ОД ТУРЦИЈА, ЕВА КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПСАТА: Зградата пукна на СИТЕ СТРАНИ (ВИДЕО)

Најновите снимки од пукотници и уривање згради се шират низ социјалните мрежи со молскавична брзина.

Во понеделникот Турција ја погоди страшен земјотрес кој остави такви последици што денеска се уште не може со сигурност да се каже колкав е бројот на жртвите.

Штабот за вонредни состојби соопшти дека досега е потврдена смртта на 19.875 лица.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека во серијата земјотреси се повредени повеќе од 77.000 луѓе, а оние со најтешките повреди се префрлени во болниците во Истанбул.

Најновите снимки од пукотници и уривање згради се шират низ социјалните мрежи со молскавична брзина. На оваа гледаме како зградата пука во средината и се наведнува на едната страна од темелот.

@ercanyesilkaptan01 #adana #deprem ♬ orijinal ses – ercan yeşil balik.market

Страшни сцени на уништување доаѓаат од Турција по разорните земјотреси во пограничните области со Сирија.

Разорните земјотреси од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала уништија згради како да се направени од картон . Некои од зградите кои се урнаа за неколку секунди се новоградба.

Така, видеото од уривањето на новоизградената зграда по земјотресот пристигна од турскиот град Малатија.

Видеото предизвика бројни коментари на социјалните мрежи од револтирани луѓе кои бараат одговорност од локалните власти, министерствата, инспекциите, изведувачите, инвеститорите и сите други вклучени во градежниот процес. Луѓето пишуваат дека мора да одговараат пред законот.

Една од зградите што беше целосно срамнета со земја е новоизградената резиденција „Ренесанс резиденс“ во Хатај , а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот изведувач бил уапсен на аеродромот додека се обидувал да побегне од земјата.