СЕ СОЗДАВА ЛИ КОШМАРЕН ПАКТ !? Оклопниот воз тргна од Пјонгјанг кон Русија: Ким Џонг Ун оди на средба со Владимир Путин
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, се чини дека заминал во Русија на средба со претседателот Владимир Путин, објави јужнокорејскиот информативен канал YTN, цитирајќи неименуван владин извор.
Според достапните информации, Ким Џонг Ун со специјален воз отишол до североисточната граница на Северна Кореја, а средбата меѓу двајцата лидери треба да се одржи најрано во вторник.
Претходно, YTN објави дека средба меѓу Ким Џонг Ун и Владимир Путин се очекува во среда.
Руските медиуми претходно денес објавија дека Ким Џонг Ун се очекува да го посети Далечниот Исток во наредните денови.
Доколку се одржи средбата, тоа ќе биде прва посета на Ким Џонг Ун во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата со вирусот Ковид-19.
Последната посета на Ким Џонг Ун беше на Владивосток во 2019 година, на прва средба со Владимир Путин, откако преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нуклеарната програма пропаднаа.