Се стресувате додека тонете во сон? Еве зошто се случува и дали е опасно

Стресувањето што се јавува непосредно пред да заспие во стручната литература се нарекува хипник. Дали често сте се запрашале зошто се појавува овој феномен? Тој ноќен потрес низ кој ве става вашето тело е изненадувачки вообичаено искуство што го доживуваат 70 проценти од луѓето.

Според експертите, станува збор за човечка верзија на „автоматска припрема“.

За време на спиењето, мускулите во телото се опуштаат, а мозокот понекогаш го толкува ова опуштање како пад, па предизвикува контракција на мускулите.

Тоа може да биде случајно и да се случи без причина, а понекогаш се работи за некои фактори кои ја зголемуваат веројатноста за појава на тоа грчеви како стрес, напорни вежби и при земање одредени лекови.

Овие грчеви веројатно се појавуваат во хипнагогична состојба, исто како што преминувате од будност во сон. Навистина не знаеме зошто се случува ова, но има неколку интересни теории.

 

Некои веруваат дека тоа е нуспроизвод на еволуцијата, а постојат докази дека стресот, анксиозноста, кофеинот и вежбањето може да доведат до грчеви. Во секој случај, нема причина за грижа, бидејќи хипничните грчеви се јавуваат кај сосема здрави луѓе.