Неколку печурки, моркови и уште неколку зеленчуци ќе бидат доволни за да ја направите оваа вкусна чорба.
Со оглед на тоа што ни претстои постудено време, нешто во што сите ќе уживаат тогаш е вкусната чорба од зеленчук .
Потребно:
250 грама печурки
1 морков
1 црвена пиперка
1 зелена пиперка
1 кромид
1-2 чешниња лук
1 лажица полна брашно
1 лажица путер
3 супени лажици маслиново масло
4,5-5 чаши топла вода
1 чаша топло млеко
Свежо сецкан копар или магдонос
сол и црн пипер
Зачини за зеленчук (по избор)
Подготовка:
Морковот, црвената и зелената пиперка, кромидот и лукот исечкајте ги многу ситно. Во соодветна тава загрејте ги маслиновото масло и путерот, пржете ги кромидот и лукот една минута, а потоа додадете го сечканиот морков и пржете 2 минути. Потоа додадете ги печурките и пржете 2 до 3 минути, а на крај пиперките и пржете заедно половина минута. Додадете брашно и пржете со зеленчукот една минута, а потоа додадете зовриена вода. Гответе 10 минути мешајќи од време на време, а на крајот од готвењето малку намалете ја температурата, додадете 1 чаша топло млеко, сол, бибер и копар или магдонос, исклучете го шпоретот. Оставете да отстои 10 минути, а потоа послужете.