“СЕ ШТО КАЖА Е МНОГУ ВАЖНО“ – Воислав Шешељ со пофални зборови за Александар Вучиќ по говорот во ОН: “Зборуваше без никакво двоумење, оние кои беа погодени од тоа – молчат“
Претседателот на српската паријата СРС, Воислав Шешељ, во утринската програма на телевизијата Happy кажа дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кажал се што треба да се каже на 78. седница на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Зборуваше Александар Вучиќ без никакво двоумење. Засегнатите молчат. И другите молчат, малку потешко им е јавно да се солидаризираат и да се изјаснат дека се на исти позиции, но се повеќе земји-членки на ОН ќе бидат на исти позиции во однос на кризните ситуации во светот и во однос на Косово и Метохија“, оценува Воислав Шешељ.
Радикалниот лидер изјави дека одењето на Александар Вучиќ во седиштето на ОН било многу успешно.
Воислав Шешељ посочи и дека е важно сето она што го кажал претседателот на Србија во однос со прашањето за Косово.