СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ СЕ СЛУШААТ ВО ТЕЛ АВИВ – Ракетен напад врз централниот дел на Израел, два милиони луѓе итно во засолништата

Денес беа истрелани ракети кон централниот дел на Израел, се слушале бројни експлозии и се огласиле сирените за тревога во многу градови, вклучувајќи ги Тел Авив, Херцлија и Ранана, Холон и Ход Хашарон, пренесува Times of Israel.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Channel 12 пренесува дека 1,5 до 2 милиони луѓе морале да одат во засолништа поради ракетниот напад.

Конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас започна на 7. октомври, кога Хамас почна да го гранатира јужниот дел на Израел со ракети, по што следеше копнена инвазија на Појасот Газа и брутална одмазда од Израелците.

Израел одговори со силни воздушни напади и блокада на Појасот Газа, а вчера израелските копнени трупи влегоа во палестинската енклава.