Претседателката на РСМ Гордана Силјановска-Давкова синоќа соопшти дека имала телефонски разговор со поранешната министерка Радмила Шеќеринска-Јанковска.
Таа во разговорот го поканила на средба за да и’ го честита изборот на функцијата нов заменик генерален секретар на НАТО.
Со предлог на Шеќеринска, средба ќе се одржи во петок во 10 часот.
Мислам дека е подобро да и’ честитам лично за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, се вели во објавата на Силјановска-Давкова.
И премиерот Христијан Мицкоски информираше дека разговарал со Шеќеринска.
„Нема сомнеж дека мора да соработуваме заедно и да направиме сe што е во наша моќ да и’ помогнеме на македонската армија, а со тоа и на безбедноста и на сè што им е потребно на граѓаните на Македонија“, нагласи премиерот.