Синот на премиерот Христијан Мицкоски, Јован сам го платил патувањето и престојот во Вашингтон за време на самитот на НАТО. Ова го констатира Државната комисија за спречување корупција од доставените документи и ја отфрли преставката.
На денешната седница на ДКСК, Зоран Богоевски извести дека резервациите за Јован Мицкоски не бле направени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Како што нагласи, тој не бил сместен во ист хотел со премиерот.
Поради ова, Антокорупциска одлучи да ја затвори постапката.