СИТЕ ОЧИ ВПЕРЕНИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА – По 26. октомври цената на војната за Израел може да биде многу повисока – што се случува во Ријад !?

Изгледа како момент од алтернативна реалност – стотици банкари и директори ќе се состанат односно ќе отпатуваат во Ријад оваа недела за Иницијативата за идни инвестиции (24.-26. октомври), гламурозна инвестициска конференција наречена „Давос во пустината“. Луѓето кои навистина имаат пари таму ќе се обидат да се „глумат“ дека тоа е работа како и секоја обична, но во реалноста Блискиот Исток во моментов врие.

Војната меѓу Израел и Хамас се заканува да предизвика поширок конфликт што ќе ги привлече земјите од овој регион, чии економии во развој се клучни за глобалните пазари на нафта и гас. На 20. октомври, американски разурнувач од Црвеното Море пресретна крстосувачки ракети истрелани од Хутите, бунтовниците поддржани од Иран во Јемен, против Израел. Тој ден претседателот на САДЏо Бајден, изјави дека целта на нападот на Хамас е да се спречи мировниот договор меѓу Израел и Саудиска Арабија

Само што требаше да седнам на маса со Саудијците… Саудијците сакаа да го признаат Израел и тоа всушност ќе го обедини Блискиот Исток“, порача тој. 

Бенјамин Нетанјаху и Џо Бајден на аеродромот во Тел Авив

Во меѓувреме, цената на нафтата, „барометар“ на ризикот од регионална ескалација, достигна 92 долари за барел.

Земјите од Персискиот залив се надеваа дека ова ќе биде година на деескалација во регионот. Тие сакаа мирот да се фокусира на амбициозните планови за диверзификација на нивните економии. Но, сега најстариот конфликт во регионот оживеа, а за една заливска монархија, Катар, која го поддржува Хамас, непосредна цел е самоодржување. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, од друга страна, сакаат да го ослабат Хамас, да спречат поширока конфронтација со Иран и некако да ја одржат во живот својата визија за автократски, но помирен и просперитетен регион – деликатен и опасен чин на балансирање.

Во меѓувреме, Катар изгледа ранливо, како што пишува The Economist. Тој е и американски сојузник и поддржувач на Хамас. Од 7. октомври, кога милитантите на Хамас го нападнаа Израел и убија повеќе од 1.400 луѓе, тие врски станаа извор на срам и нервоза. Дел од раководството на Хамас живее во Доха, главниот град на Катар. Емиратите богати со гас донира и до 30 милиони долари месечно за Појасот Газа, управувана од ХамасКатар со години им кажува на своите сојузници дека неговите врски со Хамас се корисни – оваа земја може да биде соговорник, односно посредник меѓу тие групи и Западот.

Засега, Катар се уште се бори да покаже дека сè уште може да биде корисен за САД. На 20. октомври Хамас ослободи двајца од повеќе од 200 заложници што ги зароби за време на својот напад, со двојно американско-израелско државјанство, во договор со посредство на Катар. Меѓутоа, во исто време во оваа мала, но богата земја има знаци на негирање и паника. На 14. октомври, катарски дипломат контактирал со новинар и рекол дека Исмаил Ханије, лидерот на Хамас, не е во Доха, туку во Турција. Неколку часа подоцна, министерот за надворешни работи на Иран одржа виртуелен состанок со Исмаил Ханије – во Доха. Врските на Катар со исламистичките групи се една од причините зошто четири арапски држави воведоа патни санкции и трговско ембарго на малиот емират во 2017 година. Кога ќе се спушти прашината од оваа војна, земјата би можела да се најде под поголем американски притисок да ги прекине врските со милитантните групи.

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои во 2020 година станаа првата земја од Персискиот залив што го призна Израел и зазедоа поинаков став. За разлика од повеќето нивни соседи, нивната првична изјава за нападот на 7. октомври беше сочувство за Израел, а лидерите на земјата испратија повеќе сочувство до нивните израелски колеги. Во ОАЕ го презираат политичкиот ислам, кој го гледаат како закана, а приватно жестоко го критикуваат Хамас.

Неколку часа по експлозијата во болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа на 17. октомври, израелската Армија негираше дека здравствената установа била цел во воздушен напад, а доказите, барем досега, според The Economist, се чини дека ги поддржуваат тврдењата на Израел. Од друга страна, ОАЕ навистина им се придружи на другите арапски држави во осудувањето на Израел. Сепак, ваквите изјави треба да се сфатат како дипломатски настап бидејќи врските меѓу двете земји остануваат силни.

Сцени од нападот на болницата „Ал-Ахли“ во Појасот Газа

Саудиска Арабија, од друга страна, се обиде да зацрта среден курс. Нивниот одговор на нападот на Хамас беше да ги наведат израелските злодела од минатото и да повикаат на итен прекин на огнот, онаква изјава што тие секогаш ја даваат по избивањето на конфликтот во Светата земја.

Сепак, има и знаци дека ставот на оваа земја е променет. На 17. октомври, Турки бин Фајсал Ал Сауд, кој ја водеше разузнавачката служба на кралството од 1979 до 2001 година, разговараше со американски тинк-тенк. Како влијателна личност и член на кралското семејство, неговите зборови имаат тежина. Тој го осуди Хамас за убиство на цивили и посочи дека тоа не е во согласност со исламот. Тој, исто така, го осуди Израел, како за неговото недискриминирачко бомбардирање на Појасот Газа овој месец и за злосторствата на неговата полувековна окупација. Сепак, тој малку го спомна Иран, регионалниот непријател на Саудиска Арабија и еден од главните поддржувачи на Хамас.

Еден ден подоцна, Al Arabiya, телевизиски канал во сопственост на Саудиска Арабија, емитуваше жестоко интервју со Калед Мешал, поранешниот водач на Хамас. Водителот Раша Набил постојано го прашуваше како Хамас може да очекува поддршка од другите арапски земји откако донесе еднострана одлука да влезе во војната, го притисна да го осуди убиството на израелските цивили и го праша дали иранската помош ги оправда нивните очекувања. Тоа беше интервју на кое функционерите на Хамас речиси никогаш не биле подложени на телевизиите на арапски јазик, а Калед Мешал изгледаше нервозен. Клиповите од интервјуто беа широко споделени на социјалните мрежи, па дури и на израелската државна телевизија.

За намерите на Саудиска Арабија може да се извлечат три заклучоци. Пред се, Ријад сака да го поткопа Хамас. Второ, тој сака да избегне поширока конфронтација со Иран. Принцот Турки имплицираше дека зближувањето меѓу Саудиска Арабија и Иран е сè уште живо и на маса. Двете непријателски земји се согласија во март оваа година повторно да ги отворат амбасадите и да ја олеснат нивната долгогодишна расправија. Саудијците се нервозни затоа што регионалната војна може да доведе до напад спонзориран од Иран врз нивното кралство, како оној во 2019 година, кој накратко затвори половина од нивното производство на нафта.

Трето, Саудиска Арабија не ја затвори вратата за нормализација на односите со Израел, кој претходно ги потпиша т.н. „Аврамски договори“, со кои земјата ги нормализираше односите со Обединетите Арапски Емирати и БахреинСАД поминаа голем дел од оваа година притискајќи за договор со кој Саудијците ќе го признаат Израел, а Ријад за возврат сакаше одбранбен пакт со Вашингтон. Се чинеше дека Саудијците беа задоволни што инсистираа на значајни гестови кон Палестинците – иако не кон ставање крај на окупацијата, туку само за да ја направат помалку болна.

Сега Мохамад бин Салман, саудискиот престолонаследник и де факто владетел на земјата, повика на создавање на палестинска држава долж границите на регионот од пред 1967 година. Во исто време, разговорите со Израел ќе продолжат, иако потивко од претходно, а цената за Израел сега ќе биде повисока. Сега многу зависи од природата на израелската копнена инвазија на Појасот Газа – како што се зголемуваат цивилните жртви, земјите од Заливот ќе бидат под зголемен притисок дома и низ арапскиот свет да го осудат Израел и да ги прекинат врските со него.

Но, има уште една работа за која лидерите од Заливот можат да се согласат – сите тие сакаат војната да заврши. Финансиерите кои се собраа во Ријад оваа недела сакаат да разговараат за идеи вредни милијарди долари за патување, трговија и туризам, а ништо од тоа веројатно нема да се оствари доколку постои закана од ракети да летаат над главата на луѓето.