Сите погледи вперени во кралското семејство! Објавен нов портрет на кралот Чарлс – Ова никој не го очекуваше

За време на видео обраќањето на британската кралица Камила по повод Денот на вооружените сили, објавен е нов портрет на кралот Чарлс III.

– Нашите вооружени сили ја поддржуваат и ја зајакнуваат нашата нација. Вие сте извор на инспирација, афирмација и гордост – и ве поздравувам сите – рече таа во пораката снимена во утринската соба на Кларенс Хаус.

Во новиот портрет објавен заедно со пораката на кралицата, кралот ја носи својата свечена униформа на фелдмаршалот бр. 1 со медали, меч и одликувања, пишува Sky News.

Фотографијата е направена во замокот Виндзор во ноември минатата година од Хуго Бернан, омилениот фотограф на кралското семејство кој ги направи официјалните фотографии од крунисувањето.

Разликата меѓу тој портрет и овој нов е голема, бидејќи првиот е уметничка слика, многумина го очекуваа истото од вториот, што не се случи бидејќи се работи за фотографија снимена во ноември минатата година.

Да потсетиме дека на 14 мај, кралот Чарлс го претстави првиот официјален портрет по неговото крунисување. Уметникот Џонатан Јео е автор на тој портрет кој предизвика многу коментари на социјалните мрежи .