Сите се прашуваат-Зошто Путин не користи супертенк во Украина? Многу е подобар од постоечките, но има еден проблем

Сергеј Чемезов вели дека супертенкот Т-14 Армата нема да се користи во војната во Украина бидејќи на армијата и е полесно да купува поевтини тенкови Т-90.

Најновиот руски тенк Т-14 Армата е далеку посупериорен во однос на постоечките тенкови по своите карактеристики, но тешко дека ќе се користи во Украина поради високата цена, изјави генералниот директор на Ростех, Сергеј Чемезов. Тој додава дека на армијата и е полесно да купува поевтини тенкови Т-90.

„Армата е, генерално, малку поскапа. Во однос на функционалноста, се разбира, таа е многу подобра од постоечките тенкови, но е прескапа, па тешко дека армијата ќе ја користи сега. Полесно е за да го купат Т-90“, тврдеше Чемезов. Според него, сега се потребни средства за создавање на ново оружје.

„Сега ни требаат пари за да создадеме нови тенкови, ново оружје, можеби поевтино. Значи, ако има можност да купиме поевтино, зошто да не“, додаде тој. Т-90 е главниот борбен тенк на руската армија и еден од најпродаваните во светот. Тенкот Т-14 „Армата“ ги комбинира најновите технологии во областа на изградбата на тенкови во Русија, а користи најнапредни технологии и моќно оружје.