“СИТЕ СМЕ ВО ШОК!“ – Вселенскиот феномен кој ги запрепасти научниците: “Ова е најголемата експлозија што некогаш сме ја виделе!“
Астрономите веруваат дека ја пронашле најголемата експлозија во вселената досега откриена. Оваа експлозија траела повеќе од три години, што е многу подолго од која било претходно, а била видлива само неколку месеци. Една од теориите вели дека експлозијата се случила кога огромен облак од гас бил проголтан од црна дупка, пишува BBC.
Блесокот на небото прв пат бил снимен во 2020 година во минливиот објект „Цвики“ во Калифорнија, а една година подоцна астрономите започнале да го проучуваат феноменот. Настанот го нарекле AT2021lwx, а во тоа време мислеле дека не е ништо посебно бидејќи немало индикации колку е далеку, па не можело да се пресмета неговата осветленост.
Минатата година, тим предводен од д-р. Филип Вајсман од Универзитетот во Саутемптон ја анализирал светлината од настанот и ја пресметал оддалеченоста – 8 милијарди светлосни години. Целиот тим бил шокиран од откритието бидејќи не можеле да ја пронајдат причината за осветленоста што траела толку долго во научната литература.
„Повеќето супернови, како и плимните нарушувања, траат само неколку месеци пред да исчезнат. За нешто што блескаше повеќе од две години, ова беше многу необично“, изјавил Филип Вајсман.
Неговата теорија е дека експлозијата била резултат на огромен облак од гас, веројатно илјада пати поголем од Сонцето, кој бил проголтан од супермасивна црна дупка. Ова ќе испрати бранови низ вселената и ќе остави презагреани остатоци од облаци кои ја опкружуваат црната дупка како прстен од крофна. Тој верува дека сите галаксии имаат масивни црни дупки во нивниот центар.
„Можеби овие настани, иако исклучително ретки, се толку енергични што се клучни за процесите на менување на галаксиите со текот на времето“, додал научникот.
д-р. Филип Вајсман се надева дека ќе открие повеќе вакви настани со нови телескопски системи кои ќе станат достапни во следните неколку години. Тимот сега собира податоци за експлозијата – набљудувајќи го објектот на различни бранови должини, вклучително и рендгенски зраци, кои би можеле да ја откријат температурата на објектот и какви процеси би можеле да се одвиваат на површината.