– Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба во Пекинг со претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент, Валентина Матвиенко, вети дека ќе продолжи да работи на развој на сеопфатно стратешко партнерство за соработка со Русија.
Тој посочи дека билатералните односи меѓу Пекинг и Москва треба да се засноваат на „взаемна помош, длабока интеграција, иновации и пионерство и взаемна корист“.
– Двете земји треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката (во рамките на) мултилатералните механизми како што се Шангајската организација за соработка и БРИКС, да ги водат реформите на глобалното владеење во вистинската насока и да ги заштитат заедничките интереси во новосоздадените пазари, како и на земјите во развој, наведе Си.
Тој додаде дека билатералните односи меѓу Пекинг и Москва треба да се засноваат на „взаемна помош, длабока интеграција, иновации и пионерство и взаемна корист“.
Матвиенко, исто така, посочи дека Русија ќе продолжи да соработува со Кина.