СКАНДАЛ СРЕДЕ РИМ! НАВИВАЧИТЕ РАСИСТИЧКИ ГО НАВРЕДУВАЛЕ ДЕЈАН СТАНКОВИЌ: Мурињо веднаш реагирал и го замолчил срамното скандирање (ВИДЕО)
Скандалозни сцени беа снимени на натпреварот помеѓу Рома и Сампдорија од 28. коло во Серија А.
Навивачите на домашната екипа го навредуваа Дејан Станковиќ , тренерот на тимот од Џенова.
Дејан Станковиќ во текот на кариерата играше и под тренерската команда на Мурињо, со кого се уште има одлични односи, па не чуди што Португалецот брзо реагираше и побара од своите навивачи да престанат да скандираат навреди кон Србите.
Откако судијата му покажа црвен картон на играчот на Сампдорија, Муриљо, Станковиќ протестираше и предизвика реакција од трибините.
Според „ Коријере дело спорта “, навивачите на „волците“ расно го навредувале српскиот тренер, а кога Мурињо го слушнал тоа, веднаш станал од клупата со знак да престанат, што веднаш го послушале.
Кога е во прашање резултатот на натпреварот, Рома победи со 3:0, иако првото полувреме заврши без голови.
Вајналдум ги доведе домашните во водство во 57. минута, пет минути откако тимот од Џенова испушти играч.
На 2:0 зголеми Дибала од пенал во 88. минута, а конечниот резултат го постави Ел Шарави во четвртата минута од судиското надополнување.
На 10 кола до крајот на сезоната, Сампдорија има 15 бода, 10 помалку од Специја, која ја зазема последната позиција која гарантира останување во елитниот ранг.
Рома е четврта со 50 бода, два повеќе од Милан кој има натпревар помалку.