Скијачите во Маврово се жалат: Долги редици за купување билети, електронскиот систем не работи

Незадоволство изразуваат скијачите од Македонија и регионот кои денеска решија да го поминат на скијачките патеки на Бистра.

Редот за купување ски билети е долг и стотина луѓе чекаат.

Состојбата е прикажана преку неколку веб-страници, каде за „Лидер.мк“ посетителите велат дека до билетарницата треба да чекаат околу еден час.

Онлајн купувањето на билети за скијање не е можно, бидејќи системот не е достапен.