СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Конститутивна седница на Собранието на Република Македонија

Во Собранието денеска во 11 часот треба да започне седницата на која треба да биде конституиран новиот парламентарен состав.

На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието.

Според најавите, за претседател на Собранието ќе биде предложен Африм Гаши од Алтернатива, дел од коалицијата Вреди.

Настанот можете да го следите во живо на линкот во продолжение: