„СЛЕП ПАТНИК“ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК НА АВИОН: Се качил на летот БЕЗ ДОКУМЕНТИ И БИЛЕТ, полицијата видела грозоморна глетка

„Слеп патник“ е пронајден во критична состојба утринава во багажниот простор на авион на „Ер Алжир “ на аеродромот во Париз Орли, изјави за Ројтерс добро информиран безбедносен извор.

Изворот вели дека лицето е во животна опасност и е пренесено во блиската болница.

авион

Авионот полетал од западниот алжирски град Оран, кој е на два и пол часа лет од Париз.

Во багажниот простор на авионот температурите се движат меѓу минус 50 и минус 60 Целзиусови степени, а нема доволно кислород.