СЛУЧАЈНО ИЛИ НАМЕРНО !? Пијан човек влегол во погрешен стан и имал секс со ‘погрешна’ жена – додека таа врескала влетал и нејзиниот бесен сопруг!

Необичен случај што се случил во Германија заврши пред лицето на правдата (суд) во Вирцбург. Во мај минатата година, по една долга пијана ноќ, девојка повикала еден нејзин познаник (33 г.) да преноќи со неа и му понудила и секс, што може да се види и во СМС порака на девојката која го оставила клучот пред вратата од станот за таа прилика, пишува магазинот Fenix.

Но, ситуацијата да биде уште поинтересна, мажот завршил во погрешен стан и во погрешен кревет со „погрешната“ жена.

Човекот дошол со 1,8 промили алкохол во крвта и го зел клучот – но потоа влегол во погрешен стан. Бидејќи клучот очигледно ја отклучил и таа врата од погрешниот станот, а прекинот на струјата го отежнувал патот низ зградата, мажот легнал со непозната жена.

Жената мислела дека нејзиниот сопруг пристигнал во креветот, а двајцата после тоа имале дури и секс. Грешката била забележана дури кога мажот и се обратил на жената со име – „Сандра“.

Веднаш го оттурнав и го вклучив светлото. Стоеше гол пред мене. Тоа беше мојот кошмар“, сведочела жената на суд, пишува весникот Bild. Потоа таа врескала за помош. Нејзиниот сопруг притрчал и го претепал мажот со неговите пријатели.

Случајот против овој човек во понеделникот бил разрешен на суд со парична казна од 2.400 евра, која мажот мора да ја плати иако и тој е жртва во целата приказна. Обвинетиот е и жртва бидејќи бил жестоко претепан од сопругот на жената кој ги повикал на помош и неговите пријатели.

Сепак, останува нејасно како клучот ја отклучил другата врата од станот.