Снимки од апсењето на лудиот убиец: Полицијата го совлада, клечи на тревникот со врзани очи! (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на налудничавиот убиец од Ротердам, кој прво отвори оган во стан, а потоа продолжи со масакрот во амфитеатарот. Засега нема точни информации за жртвите, но полицијата соопшти дека во масакрот загинале неколку лица.

Како што може да се види на видеото, голем број полицајци го опколиле убиецот кој клечи на тревникот со врзани очи, а рацете му се со лисици.

Да потсетиме, осомничениот, 32-годишен маж, беше уапсен откако полицијата објави на социјалните мрежи дека имало пукање во Медицинскиот факултет во Ротердам и блиската куќа, објави Ројтерс.

Полицијата ги упатува студентите да го напуштат универзитетот

Видеата на социјалните мрежи покажаа дека полицијата ги упатува студентите да го напуштат универзитетот додека на местото на настанот пристигнале тешко вооружени одреди за апсење.

Два часа подоцна полицијата соопшти дека загинале неколку лица и дека се известени членовите на семејствата на жртвите.