Социјалните мрежи ,,горат” поради Кејт Мидлтон, се вмеша и Гога Секулиќ: Хит коментар го преплави интернетот, ова е одговорот за сè (ВИДЕО)

За „исчезнувањето“ на принцезата од Велс се зборува со денови, а социјалните мрежи се преплавени со духовити коментари од корисниците на социјалнуте мрежи.

Драмата околу тоа каде се наоѓа Кејт Мидлтон, зошто фотошопирала фотографија со своите деца, како тоа никој не го забележал навреме и дали принцот Вилијам навистина ја изневерил со Сара Роуз Чолмондели, продолжува да ги окупира и британските и светските медиуми.

Кејт Мидлтон

А среде сите вести, односно во повеќето случаи претпоставки – не заостануваат ниту балканските коментари на социјалните мрежи.

На социјалната мрежа „Х“ има бројни реакции за мистеријата на Кејт Мидлтон, па изминативе денови можевме да прочитаме неколку духовити идеи каде би можела да се крие принцезата, како и зошто не беше во јавноста со месеци.

„Аферата Кејт Мидлтон очигледно е обид на Западот да ја дестабилизира Србија“, е една од духовитите реакции на веста од Велика Британија.

А некои имаат едноставен одговор на прашањето каде е Кејт Мидлтон – во чантата на Гога Секулиќ.

Дали новите PZE и Констракта можат да направат песна која започнува со „Што стана со Кејт Мидлтон, што се случи?“ е еден од коментарите.