Спречен атентат на руски олигарх. Страшното видео доаѓа од Бахмут: „Молете се за нашите бранители“ (ВИДЕО)

Јулија Мандел, поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави видео од Бахмут на Твитер. Ја прикажува битката за градот кој беснее и неодамна ја достигнува својата кулминација.

-,,Молете се за нашите бранители“, напиша Мандел.

„Ако Вагнер сега се повлече од Бахмут, целиот фронт ќе пропадне“, рече Евгениј Пригожин во видеото објавено викендов и додаде дека ситуацијата нема да биде добра за сите воени формации кои ги штитат руските интереси.

Спречен е атентат врз олигарх

Во исто време, руските разузнавачки служби имаат друга работа. Државните медиуми го објавија својот извештај, во кој тие тврдат дека го спречиле убиството на Константин Малофев, руски бизнисмен кој е сопственик на ТВ Царград – телевизиски канал кој силно го поддржува рускиот претседател Владимир Путин.

Службите за обидот за убиство ги обвинуваат украинските специјалци. Тие наведуваат дека атентатот требало да биде извршен со поставување автомобил-бомба, а олигархот да биде убиен на сличен начин како Дарија Дугин, ќерката на истакнатиот руски националист Александар Дугин, во август минатата година.