“СРБИТЕ СЕ ПОД ПОСТОЈАН ПРИТИСОК“ – Потпаролот на Кремљ го коментираше односот на Александар Вучиќ со НАТО
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека Русија го разбира опкружувањето во кое се наоѓа Србија и притисоците со кои се соочува нашиот северен сосед.
Дмитриј Песков додава дека Москва има „посебен однос“ со Белград, кој има намера да го развива дополнително.
„Го разбираме опкружувањето во кое се наоѓа Србија. Најдобар начин за градење односи е дијалогот. Тоа е многу тешко за Србите, бидејќи тие се под постојан притисок. Имаме посебни односи со Србија и посебно партнерство“, вели Дмитриј Песков.
Тој го изјавил ова како одговор на новинарско прашање за изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека Белград има намера да ја развива соработката со НАТО, но со зачувување на воената неутралност.
Потпаролот на Владимир Путин додал дека Русија „високо ги цени“ односите што ги има со Србија и планира дополнително да ги развива.