Србите со хит коментари за статуата на Шакира: „Луѓе, ова е Теа Таировиќ“

Светски познатата пејачка Шакира доби бронзена статуа долга 6,5 метри во нејзиниот роден град Баранкила, Колумбија.

Оваа вест ги преплави медиумите ширум светот, а на социјалните мрежи следеа хумористични коментари од луѓе од Србија и регионот.

Колумбиската пејачка ја споредуваа со балканската ѕвезда Теа Таировиќ.

Луѓето упорно истакнуваат дека сличноста меѓу нив две е неверојатна, пред сè поради стомачниот танц, по кој и двете се издвојуваат.

Па, само некои од коментарите на Твитер беа овие:

– Искрено, и Теа Таировиќ може да го направи тоа, тие се исти – гласеше хит-коментарот, на кој луѓето се надоврзаа со хумористични пораки.

„Луѓе, ова е Теа Таировиќ“, „И ние ја имаме Теа, извини Шакир, имаме натшревар“, „Нашето е реално подобро“, беа коментарите.