СРЕЌА ВО НЕСРЕЌА – Голгетерот на Лацио доживеа страшна сообраќајна несреќа: Трамвај поминал на црвено а автомобилот на Чиро Имобиле бил целосно уништен (видео)

Голгетерот на фудбалскиот клуб Лацио, Чиро Имобиле, рано утринава доживеа сообраќајна несреќа во Рим.

Според првите информации кои беа објавени од Италија, Чиро Имобиле удрил во трамвај кој наводно поминал на црвено светло. Во несреќата неговиот автомобил е целосно уништен и чудо е како одличниот фудбалер преживеал само со полесни повреди.

Во несреќата со полесни повреди се здобиле неколку патници од трамвајот, а фудбалерот по страшната несреќа се пожалил на болки во раката.

Трамвајот помина на црвено светло. Имав среќа и не бев сериозно повреден. Раката ми е повредена, но мислам дека не е ништо сериозно“, рекол фудбалерот за италјанските медиуми по несреќата.

Лацио во петокот играше против Специја а Имобиле беше стрелец на првиот гол во победата од 3:0, следниот натпревар им е следниот викенд против Торино.