– Советот за регионална соработка денеска на свеченост во Тирана ќе ги претстави претприемачките од Западен Балкан за 2022 година.
Од 400 добиени номинации од целиот регион, членовите на жирито од шест ентитети од Западен Балкан избраа шест исклучителни жени во пет категории, меѓу кои се млада жена претприемач, жена претприемач за животна средина, креативна жена претприемач, жена претприемач во туризмот и угостителството и жена старт-ап претприемачка, јавија албанските медиуми.
Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавени на церемонија во Тирана, по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
Таа иницијатива беше покрената од СРЦ минатата година како дел од Акцискиот план за заедничкиот регионален пазар 2021-2024 година и програмата за економско зајакнување на жените.
Тоа е со цел да се препознаат жените кои започнале и развиле сопствен бизнис и кои придонеле за нови и одржливи работни места за другите во регионот.
Советот за регионална соработка (РСС) на 11 март минатата година исто така во Тирана ги избра жените преприемнички на Западен Балкан за 2021 година во шест категории и ја промовираше првата Регионална мрежа на жени претприемачки во регионот.
Помеѓу избраните беа Валентина Тасева, сопственичка на фирмата Semos Education од РСМ, Аида Зубевиќ, сопственичка на Фаведа од БиХ, Драгана Чалија, сопственчка на Saint Di од Србија, Пакизе Пајазитај, сопственичка на Крафт бизнис Црна Гора и Арта Шеху Заими, сопственичка на Labbox од Косово.