ССМ: Минималната кошничка за октомври достигна 65.544 денари

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемиле за 467 денари во споредба со септември, покажуваат податоците објавени денес од Сојузот на синдикати на Македонија.

Според пресметките на ССМ, минималната синдикална кошничка за октомври изнесувала 65.544 денари и во споредба со септември достигнала 65.077 денари, па е зголемена за 467 денари.

Најзначајно зголемување е забележано кај трошоците за храна и пијалоци, кои во октомври достигнаа 23.772 денари, што е зголемување од 378 денари во споредба со септември.

Доколку во пресметката се вклучи и киријата за стан со површина од 60 квадратни метри, вкупната вредност на кошничката е 80.919 денари.

Пред неколку месеци беше објавено дека цигарите, алкохолот, киријата, одморите во странство и купувањето нов автомобил не се планирани во пресметката на официјалната просечна потрошувачка кошничка, која ја креираат министерствата за економија, земјоделство, финансии и Пазарниот инспекторат. Засега нема вести кога ќе биде креирана.